Македонија 21. јуни 2020. / 10:13

(ВИДЕО) Поставена бомба во продавницата на семејството на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Поставена бомба во продавницата на семејството на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ

Од власта велат “можеме” , дека сме на “прав пат”, и дека било ” нормално”, но на терен се е поинаку, напиша Владо Мисајловски од ВМРО-ДПМНЕ кој е носител во Изборната единица 2.

Околу 3 часот наутро во малата продавница на главната улица во Ѓорче Петров која што моето семејство ја работи со децении, фрлена е експлозивна направа и причинета е материјална штета. Фала му на Бога нема човечки жртви ниту некој е повреден. На свовиден начин се продолжува пироманската традиција откако претходно во текот на изборите 2017та година имаше пожар во мојот дом.Нема да навлегувам што и како, кој е и каква е нарачката. Пораката која ја праќаат до мене пред стартот на кампањата сама си се испишува, ама одговорот е дека нема да ме поколебате, ниту исплашите!Нема потреба од нервоза, промените се незапирливи. Македонија е мојот дом, и јас од него не се откажувам и огромен мотив плус да се сменат работите. И да на крај ќе додадам, Македонија ќе победи!, напиша Мисајловски.