Македонија 22. декември 2019. / 22:06

(ВИДЕО) Поранешна вработена во Општина Лозово трпела мобинг, сега е без работа, пари, осигурување, изгубено бебе

(ВИДЕО) Поранешна вработена во Општина Лозово трпела мобинг, сега е без работа, пари, осигурување, изгубено бебе

Виолета Спасова, поранешна вработена во Општина Лозово, којашто доби отказ, а е воедно и бремена, за Сител телевизија ја раскажа својата приказна. Имено, таа има 14 години искуство како раководител на одделот за финансии.

Во јуни годинава таа останува без работа, а за нејзината голгота вели почнала со смената на општинското раководство во 2017-тата година.

Започнувајќи од февруари 2018 година и се воделе дисциплински постапки со цел да биде тргната од раководител на одделот за финансии во Општина Лозово, па како единствен вработен економист станала Виш соработник за месни заедници и справување со кризи, истакна Колева додавајќи дека против неа биле поднесени 3 дисциплински постапки и била казнета со 2 парични казни.

– Сите тие беа тенденциозни постапки, да не речам се монтираа, целта беше да стигнам до отказ, вели Спасова.

Раскажа и дека во периодот од јуни 2018 до јануари 2019 година била распоредена на работно место со сала за состаноци без никакви услови, без телефон и греење на обичен клима уред и греалка со еден грејач.

Колева рече и дека од страна на Народниот Правобранител биле констатирани дискриминација и мобинг.

Покрај се, поради континуиран притисок и вознемирување, таа во 2018 година доживеала спонтан абортус.

Судските постапки се во тек, вели таа, додавајќи дека е заглавена со судски процедури и обемни трошоци.

Таа вели дека не е единствената вработена што трпи мобинг и дискриминација од општинското раководство.