Македонија 26. декември 2020. / 19:30

(ВИДЕО) Попов: Младите во Македонија се брутално изманипулирани од моменталната власт

(ВИДЕО) Попов: Младите во Македонија се брутално изманипулирани од моменталната власт

Сведоци сме изминатиов период дека младите во Република Македонија беа на некој начин брутално изнаманипулирани од моменталната власт.

Ова во интервју за КУРИР го истакнува Сергеј Попов, претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

Bеа ветувани брда и долини, одлично високо образование, одлично средно образование, студентски домови, студенстки градови и ред други мерки со кои што они планираа да ги задржат младите овде во Република Македонија, меѓутоа сведоци сме дека тоа беше една голема лага бидејќи Универзитетот Св.Кирил и Методиј не се наоѓа ни во првите 1000 универзитети на Шангајската листа, вели Попов.

Една од причините кои што може да ги напоменам се лошите реформи во високото образование и во средното образование, издвојувањето од буџетот на Република Македонија од само 0,1 до 0,2 проценти од буџетот за универзитетите во Република Македонија. Ова се само една од основните причини зошто нашите универзитети не нунад квалитетно образование со кои што младите луѓе може да ги направиме да бидат компетентни на пазарот и да можат да се натпреваруваат на пазарот на трудот со своите врсници од странство, истакнува  Попов.

Целото интервју за Курир може да го проследите во продолжение: