Македонија 08. февруари 2021. / 23:11

(ВИДЕО) Петрушевска: Оваа влада е изолирана бидејќи се соочува со проблем со корупцијата и криминалот

(ВИДЕО) Петрушевска: Оваа влада е изолирана бидејќи се соочува со проблем со корупцијата и криминалот

Во вечерашната емисија „Филибастер“ на Радио Лидер гостин беше пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Марија Петрушевска. Со неа се дискутираше за актуелната политичка ситуација во Македонија. Посебно се обрна внимание за корупцијата во Македонија.

– Ние сведочиме колку е изолирана оваа влада поради тоа што се соочува со голем проблем со корупцијата и криминалот. Премиерот на Македонија се нема сретнато со ниедна официјална делегација од земја членка на ЕУ, вели Петрушевска и додава дека и претседателот Пендаровски исто така нема меѓународна средба.

Според неа најдобро е после ова да поднесат оставка.

– Од друга страна ние како најголема политичка партија во Македонија и покрај сите притисоци, во време на пандемија и покрај сите предизивици во регионот, претседателот Мицкоски и Николоски успеаа да се сретнат со дури три премиери, рече Петрушевска во гостувањето на Радио Лидер.

Таа вели дека како политичка партија лобираат за Македонија да добие датум за преговори.

Таа зборува дека во Македонија корупцијата е на високо ниво, а тоа е потврдено со извештајот од Транспаренси Интернешнл.