Македонија 25. март 2019. / 10:48

(ВИДЕО) Пендаровски најавуваше: Душата ќе му ја извадат на тој што ќе го смени името!

(ВИДЕО) Пендаровски најавуваше: Душата ќе му ја извадат на тој што ќе го смени името!

Претседателскиот кандидат на СДСМ и на ДУИ, Стево Пендаровски најавуваше дека слободарските граѓани ќе му ја извадат душата на тој што ќе го промени името на државата.

Истиот тој Пендаровски сега го прифаќа името Северна Македонија и во јавноста се обидува тоа да го презентира како разумно решение.

Пендаровски претходно изјави дека не може туку така да се смени името, па дури и тврдеше дека илјадници граѓани душата ќе му ја извадат на тој што ќе го направи тоа.

– Имавме 600 муабети за името. Ќе го смениш името и никој нема да знае и утре ќе се викаме не знам како. Не може, мора да дојдеш во институции. Во тој момент јас ви тврдам, сите што беа, до последен, десетици и десетици илјади луѓе, во мај, на 17 мај, и сите слободарски граѓани душата ќе му ја извадат на тој што евентуално би го поддржал тоа. Нема да го остават во таа фотелја во која е. – велеше Пендаровски.