Македонија 03. мај 2019. / 21:24

(ВИДЕО) Ова се дивоградбите на Нефи Усеини: Ако победи Константин – следува легализација на нив и на многу други!

(ВИДЕО) Ова се дивоградбите на Нефи Усеини: Ако победи Константин – следува легализација на нив и на многу други!

На синоќешниот митинг на СДСМ во Охрид, во првите редови беше советникот на ДУИ и познат шеф на охридското подземје Нефи Усеини.

Нефи е познат по многу инциденти во минатото, а во изминатите неколку недели ја тресе охридската јавност со дивоградбите кои ги гради во центарот на Охрид, од кои едната е покрај 1000 годишниот чинар и поради неа може да се случи Охрид да го изгуби статусот на град заштитен од УНЕСКО.

Нефи Усеини од првите редови го следи митингот на СДСМ

Додека Константин Георгиески е в.д градоначалник на Охрид, освен дивоградбата кај чинарот, се крена и цела бетонска база на стариот пат од Охрид кон Струга. Повторно, на Нефи Усеини. По прашањата на медиумите зошто општината не презема ништо, од администрацијата на Константин Георгиевски одговорија дека за дивоградбата ќе поднесат кривична до непознат сторител, иако на сите во Охрид им е јасно дека инвеститор е токму Нефи.

Лидер беше на лице место во Охрид и ги смени двете дивоградби на Усеини, погледнете:

-Џабе доаѓате, кај чинарот ќе се гради. Договорено е со Зоран Заев и Костадин Георгиевски. – со овие зборови инвеститорот Нефи Усеини (советник на ДУИ во Општина Охрид и инвеститор на дивоградбата кај Чинарот) вчера им се обратил на инспекторите и обвинителот кој отишле на лице место за да ја стопираат дивоградбата.

Непосртедно пред изборите, имаше средба помеѓу Нефи и Заев, на која, како што неофицијално дознаваме, се договориле да се легализираат двете дивоградби а во замена Нефи да испорача албански гласови за Георгиески и Пендаровски.

Непосредно по тоа, тој се впушти во кампања заедно со Георгиески и од врата на врата, лобираше за кандидатот на СДСМ, по што станува јасно дека доколку Константин Георгиески во недела биде избран за градоначалник на Охрид, Нефи освен дивоградбите, ќе може да прави што сака.

Нефи Усеини и Константин Георгиеси