Македонија 08. јуни 2020. / 11:55

(ВИДЕО) Османи: До крајот месецов се очекува првата верзија на преговарачката рамка со ЕУ

(ВИДЕО) Османи: До крајот месецов се очекува првата верзија на преговарачката рамка со ЕУ

Европската комисија во овие два дена ја финализира првичната рамка за почеток на преговорите со Европската унија, а до крајот на месецов во рамки на хрватското претседателство се очекува првата верзија, тоа е стандардна процедура, но означува голем исчекор, рече вицепремиерот Бујар Османи на денешната прес конференција

– На нашата генерација ѝ падна среќа да ги почнеме преговорите со ЕУ, а со тоа ја имаме и одоворноста да ги ставиме европските интеграции на прво место и тоа да го направиме на најдобар можен начин, рече вицепремиерот Бујар Османи.

Тој истакна дека сега државата треба да покаже општествено политички консензус, а евроинеграциите треба да ни бидат врвен приоритет.

Османи рече дека веќе иницирал состанок на лидерите на партиите со претседателот на државата. Неговото барање за лидерска средба, рече, не е поврзано со конкретно прашање, туку да се постигне еден консензус за позициите на земјата кои тој ќе треба да ги претстави на првата меѓувладина конференција.

Покрај тоа, рече Османи, потребно е и враќање на целосната функционалност на собраниските тела: Националниот совет за евроинтеграции и Комисијата за европски прашања.