Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, преку видео порака упати поддршка за ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски за претстојните парламентарни избори.
Ве поздравувам од Будимпешта. Познато ни е дека Вие сега сте исправени пред донесување на важна одлука се подготвувате за важни избори. И ние ги следиме овие работи бидејќи не ни е се исто со каков ќе биде резултатот на овие избори. Ние со Вас судбински сме поврзани. И покрај тоа што ние сме веќе внатре во ЕУ, а вие се уште надвор од неа историите на унгарскиот и македонскиот народ во минатото често пати беа поврзани – вели Орбан.
Тој додава дека можеме многу да помагаме едни на други.
Ние на Вас но и Вие на нас. Од таа причина не е се исто на претстојните избори во Македонија каков резултат ќе постигнат нашите пријатели. Не сакам да порекнам дека изборот е на македонскиот народ Вие ќе избирате вие можете за себе да одберете влада која ќе ви дава повеќе од досегашната влада на власт – наведува Орбан во пораката.
Во Унгарија навиваат за Мицкоски и би сакале како победник да го видат ВМРО-ДПМНЕ.
Во борбата против миграција заедно со нив изградивме таква соработка базирана на национална гордост, а со цел на одбрана на нашите семејства и слободата, која влева доверба по прашањето на иднинатаВеруваме дека ќе имаат добар настап и се надеваме дека вие ќе ги поддржите и Македонија ќе добие влада со која во годините што ни претстојат ние Унгарците добро ќе соработуваме и заедно ќе градиме поубава иднина и на која влада ќе можеме ќе можам и јас лично да пружиме помош со цел што побргу да станете земја членка на Европската Унија – вели Унгарскиот премиер.