Македонија 26. јуни 2020. / 14:32

(ВИДЕО) Општина Ѓорче Петров со возило во нејзина сопственост дели поткуп по домаќинства

(ВИДЕО) Општина Ѓорче Петров со возило во нејзина сопственост дели поткуп по домаќинства

До редакцијата на,,Економски Лидер” пристигнаа слики и видео каде службено возило на општината Ѓорче Петров дели поткуп по домаќинства.

На видеото јасно се гледаат регистарските таблици на возилото и пакетите што за партиски цели и поткуп ги пренесува службеното возило на општина Ѓорче Петров. Градоначалник на општината Ѓорче Петров е Александар Наумоски од СДСМ.

Поткупување гласачи е кривично дело исто како што кривично дело е злоупотреба на службени возила на општини за партиски активности.