Македонија 04. септември 2019. / 13:53

(ВИДЕО) Обвинителката Стефанова не знае ништо за писмото на Јанева

(ВИДЕО) Обвинителката Стефанова не знае ништо за писмото на Јанева

Обвинителите Лиле Стефанова и Артан Ајро, по денешното рочиште за предметот „Титаник“, не одговорија на прашањето дали и што се разговарало на колегиумот на СЈО за писмото на Катица Јанева, која преку судот до нив испратила барање сите истраги и обвиненија во рок од три дена да му бидат предадени на Јавното обвинителство.

Стефанова рече дека не знае ништо за писмото, бидејќи била на судење.

– Не знам, бев на судење, не го знам тоа писмо. Кога ќе го прочитам, ќе ви кажам. – рече кусо Стефанова по што замина во службеното возило.

Од СЈО претходно потврдија дека Јанева од затворот во Шуто Оризари дала наредба сите истраги и предистражни постапки во рок од три дена да бидат префрлени во Јавното обвинителство.

За наредбата на Јанева треба да биде донесена одлука на колегиумот на СЈО. Инаку, во СЈО без поднесено обвинение останаа десетици истраги.