Македонија 07. јуни 2020. / 20:37

(ВИДЕО) Новинарот Матеја Петровски влезе кај болните од корона на инфективно!

(ВИДЕО) Новинарот Матеја Петровски влезе кај болните од корона на инфективно!

Новинарот Матеја Петровски влезе на клиниката за инфективни болести каде што медицинскиот персонал секојдневно се бори за животите на пациентите заразени со Ковид-19.

Тој доби дозвола да влезе во цвената соба односно во забранетата зона каде што разговараше со Љубиша Савевски, кој го победил коронавирусот и  деновиве ќе си замине дома, три недели откако бил примен на интензивна нега на Инфективна.

Савевски порача луѓето да внимаваат зашто како што вели оваа болест не нималку наивна.

Доктор Илир Демири  од Клиниката за Инфективни болести ги повика граѓаните да ги почитуваат препораките, и додава дека оваа болест навистина постои и е доста сериозна.