Со закачен чадор во тоалетот, пациентите во битолската болница се штитат да не течат фекалии додека се во тоалет. За лошите услови во Клиничката болница во Битола сведочи пациент, кој на социјалните мрежи објави видео на кое покажува во каква состојба е болница.
Пациентот вели дека се работи за дел од болницата каде болничките услови се сметаат за подобри и за ова треба да биде запознаена целата јавност. Додава дека во едниот тоалет пациентите сами поставиле нова светилка за да може да имаат светло.
Klinička bolnica bitola
Posted by Tanas Dimitrievski on Tuesday, November 24, 2020
Јавноста вчера преку социјалните мрежи имаше можност да види уште една ситуација на „се е под контрола“ исто така од битолската болница, односно во дневната болница.
Пациент објави фотографија на која јасно се гледа како додека примаат инфузија, до нив на креветите има починати пациенти чии тела се покриени.
Директорка на Клиничката болница во Битола, д-р Билјана Гагачовска, во врска со настанот што се случил вчера во битолската дневна болница го информирала Министерството за здравство дека еден од пациентите кој бил во лоша здравствена состојба примал инфузија, а на другите два креветат за време на интервенција, пациентите починале.
Министерот за здравство, Венко Филипче, најавува дека со вонредната инспекција на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) ќе утврди фактичката состојба во дневната болница.