Македонија 24. октомври 2019. / 21:21

(ВИДЕО)Николовски на ораторска вечер Петар Поп Арсов: УМС секогаш била авангарда

(ВИДЕО)Николовски на ораторска вечер Петар Поп Арсов: УМС секогаш била авангарда

Ораторска вечер „Петар Поп Арсов“

Ја имав честа да ја отворам традиционалната ораторска вечер „Петар Поп Арсов“ во Велес во организација на УМС. УМС секогаш била авангарда и мора да продолжи да биде основниот двигател на Република Македонија. Мандатот на Заев е многу пократок од тоа што тие планираа. Тоа е таа така затоа што изврши национално предавство, затоа што економски ја опустоши Македонија, затоа што ја продаде историјата, воведе двојазичност. Тоа е причината затоа што Зоран Заев завршува на најтемните страници на историјата. Ова нема да е лесна битка, битка во која што сечиј ангажман е потребен. Потребни сте сите вие. Победата мора да биде силна и мора да биде голема за никој да нема дилема во формирањето на новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.Бидете бунтовни, бидете критични, критикувајте не секогаш кога треба и заеднички ќе ја извадиме Македонија на прав пат!

Gepostet von Aleksandar Nikoloski am Donnerstag, 24. Oktober 2019