Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, преку видео порака во која се издвоени најзначајните настани и негови изјави од 2019 година, потсетува дека позади нас е една тешка година, година на економско опустошување и национално обезличување на Македонија, но дека позади нас е и година во која ВМРО-ДПМНЕ го задало, како што вели, првиот удар на злото.
– Во новата 2020 година заеднички ќе победиме и ќе ја обновуваме Македонија. Ви посакувам среќни и весели празници, нека е повесела и многу поубава новата година!, напиша Николоски.