Македонија 26. октомври 2020. / 21:29

(ВИДЕО) Николоски: Тројца новинари се под судски прогон и притисок од власта затоа што објавуваат материјали од јавен интерес кои ги добиле од свиркачи

(ВИДЕО) Николоски: Тројца новинари се под судски прогон и притисок од власта затоа што објавуваат материјали од јавен интерес кои ги добиле од свиркачи

Во Македонија медиумската слобода не секогаш е нешто со што сме можеле да се гордееме, ниту во рамки на оваа Влада, ниту во претходните влади, изјави потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, Александар Николоски на собраниска комисија.

Сметам дека најмалку што можеме да направиме како пратеници е да дадеме поддршка  на тројца новинари кои што во моментов се под или судски прогон или веќе имаат донесени судски пресуди за изнесување во јавноста на информации кои што до нив стигнале од укажувачи , а кој што судот проценил дека се од т. н Државна тајна , затоа што новинарите решиле дека јавниот интерес е пред државната тајна и заради тоа решиле да ги публикуваат, изјави Николоски. 

Едниот е веќе осуден , а другите двајца се во судски процеси , не мислам дека за демократија која што очекува во декември да формално почне преговори со ЕУ, и да  има прва меѓувладина конференција е соодветно да казнува новинари, вели Николоски.

Тоа го имате и во сите извешраи на ЕУ и на Стејт Департментот, но генерално самите треба да се погледнеме себе и да  си кажеме дека не е добро да се казнуваат новинари за јавно изнесени ставови . Впрочем,  ова што сега се прави е спротивно на начелата поради која  што оваа Влада или ако сакате делот од Владата што го води СДСМ дојде на власт.Имено јавноста добро знае дека во текот на 2015 година беа презентирани материјални, нелегално стекнати , кои што сите знаат дека се стекнати со кривично дело , сите знаеја дека согласно закон изнесување на нелегално стекнати материјали е исто така кривично дело, но заради повисок интерес , истото беше презентирано во јавноста,изјави Николоски.

Е сега тоа што се правеше во опозиција не се прави на власт.  Се поднесува закон за укажувачи со кој што се обесхрабруваат укажувачите, и се судат новинари.  Мислам дека ова се лоши пракси, , непотребни пракси, .Ниедна власт никаде во светот не издржала на сила . Да беше така комунизмот ќе опстанеше  каде што целокупната власт беше во рацете на една политичка партија и затоа мислам дека треба да имаме далеку поголем подемократски капацитет за овие прашања. Ова беше причината зашто и сакав да дојдам на комисијата , би замолил да се усвои амандманот  и Министерството за правда да размисли и да го повлече Законот, истакна Николоски.