Македонија 14. декември 2020. / 11:04

(ВИДЕО) Николоски: Со Заев Македонија никогаш нема да почне преговори со ЕУ

(ВИДЕО) Николоски: Со Заев Македонија никогаш нема да почне преговори со ЕУ

Oва е коалиција на национални предавства. Заев се откажа од се што е македонско, отиде таму каде што ниту еден Македонец не би одел во негирање на македонскиот јазик и идентитет, култура и самобитност.

Оваа влада треба да падне ден поскоро, народот е со нас, на улиците, по македонските градови и села на протестите, вели во интервју за „Република“ потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Според него, тешко е да се издвои што беше најкатастрофално во овој период, но сигурно тоа е понижувањето на македонскиот народ и во национална и во економска смисла.

Николоски е убеден дека додека е Зоран Заев на власт Македонија нема да добие датум за преговори и тоа е заради неисполнетите реформи и поради тоа што премиерот е на врвот на најголемата афера „Рекет“.

– Со Зоран Заев Македонија никогаш нема да почне преговори за членство во ЕУ. Ова одговорно го тврдам. Несеризно е веќе на Заев и Димитров да им се верува за било што во следниот период бидејќи тие се виновни за состојбата во која Македонија се наоѓа, објаснува Николоски.

Во однос на преговорите со Бугарија, Николоски објаснува дека доколку тие останат на сегашните барања простор за договор нема но важно е да се знае со какви кредите се влегува во преговорите.

Според него, односот на Борисов кон Заев е ваков бидејќи тој ветил дека доколку добие поддршка сево ова ќе го испорача.

– Сега тие доаѓаат да наплатат, ВМРО-ДПМНЕ такви концесии нема и никој не може да го уценува.Тоа го покажало и минатото, сите штетни договори за оваа држава, од референцата ФИРОМ до договорите со Грција и Бугарија се потпишани од СДСМ.Еден договор нема потпишан од ВМРО-ДПМНЕ кој е на штета за македонските народ и македонските национални интереси, вели Николоски.

Целото интервју слушнете го во видео разговорот што го водеше новинарот Игор Чавески.