Македонија 27. јуни 2020. / 21:19

(ВИДЕО) Николоски прашува, а Заев бега од одговори

(ВИДЕО) Николоски прашува, а Заев бега од одговори

Носителот на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 4, Александар Николоски, од почетокот на предизборната кампања поставува две прашања до својот противник, Зоран Заев, на кои досега нема одговор.

Николоски прашува:

– Дали Заев може да го докаже потеклото на своето и богатството на својата фамилија.

– Зошто СДСМ донесе Закон за тутун со кој се дозволува увоз на тутун пред целокупното годишно производство на домашен тутун да биде откупено.

Поради тоа што граѓаните не добиваат одговор на овие прашања, Николоски им порачива дека тој и неговата партија се обврзуваат дека во првите 100 дена од новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе го променат законот, со што ќе се овозможи да не може да се увезе ниту еден килограм тутун додека не биде откупено целокупното домашно производство.

„На почеток сме на кампањата а Заев веќе одбегнува да одговори на 2 прашања:

1. Дали може да го докаже потеклото на своето и богатството на својата фамилија?

2. Зошто СДСМ донесе Закон за тутун со кој се дозволува увоз на тутун пред целокупното годишно производство на домашен тутун да биде откупено?

Ние се обврзуваме дека во првите 100 дена од владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе го промениме законот, и нема кило тутун да се увезе додека не се откупи целокупното домашно производство.
Да им ставиме крај на криминалците кои заработуваат на грбот на народот.
Да ја обновиме Македонија!“ – порача Николоски.