Обвинителството да ги објави тонските снимки а не само видеото од средбата меѓу Вице Заев и Кичеец, побара Александар Николоски на денешната прес конференција. Тој дополни дека со вакви ПИ- мерки освен видео мора да има и аудио запис.
И дека се можни две работи, обвинителството намерно да не го пушта звукот, туку само видеото. А втората е намерно да се прекршил законот за ПИ- мерки и било обезбеднео само видео без аудио затоа што се плашеле од тонскиот запис од таа средба.
Николоски исто така побара од Зоран Заев да објасни што барал на средбата со Катица јанева, затоа што во октомври Катица Jанева била во делот на Водно каде се сместани вилите на премиерот и претседателот на државата а Пендаровски демантирал дека имал средба со Јанева зошто тој во октомври се преселил во претседателската вила на Водно, а средбата била во август. Со што единствен човек со кој можела да се сретне Јанева е Заев изјави Николоски.
Според Николоски врвот на криминалната пирамида е СДСМ, а Катица, Боки 13 и Кичеец биле само обични изведувачи.