Во рамки на посетата на Брисел и на Парламентарното Собрание на Европската Народна Партија остваривме бројни средби, пред се со раководството на ЕПП, со претседателот на Жозеф Дол кои што ги информиравме за актуелните случувања во Македонија, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.
Тој додаде дека информирале за аферата „Рекет“, за корупциските скандали, за економското уназадување на Македонија, како и за обидите на власта да ги сокрие овие скандали. Разговаравме и за неопходноста за брзи предвремени избори на кои што граѓаните јасно ќе покажат каде сакаат Македонија да оди, и ќе каже што мислат за оваат власт.
–Исто така разговаравме и за можноста Македонија да отпочне преговори за членство со ЕУ. Стратешка определба на ВМРО-ДПМНЕ е Македонија да стане членка на ЕУ. И заради неспособноста на Заев не смеат да бидат казнети македонските граѓани. Напротив македонските граѓани ќе го казнат Заев на следните предвремени парламентарни избори за кои што интензивно разговараме тука во Брисел– рече Николоски.
Николоски посочи дека во Европскиот Парламент има нов состав, многу нови пратеници и дека ќе се обидат со неколку од нив, со најзначајните од најзначајните земји да поразговараат утре.