Македонија 04. февруари 2020. / 12:36

(ВИДЕО) Николоски: Криминалите и корупцијата на власта на Заев достигнуваат меѓународни размери

(ВИДЕО) Николоски: Криминалите и корупцијата на власта на Заев достигнуваат меѓународни размери

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, за време на учеството на Политичкото Собрание на Европската Народна Партија овие два дена ги информирал присутните делагати за криминалот и корупцијата што се случуваат во Македонија.

Како што истакнува Николоски, тие достигнуваат меѓународни размери.

– Поранешниот премиер Заев во друштво со поранешниот премиер на Малта Мускат и премиерот на Албанија Еди Рама решиле да ги приватизираат за безпари здравствените системи во Македонија, Албанија и Малта. Врвен корупциски скандал!
Македонија тоне во криминал и корупција, а на тоа ќе ставиме крај – порачува Николоски.

Истовремено, како што истакнува Николоски, присутните на Собранието на ЕПП се информирани и за плановите и програмаа што ВМРО-ДПМНЕ ги подготвуваат за претстојните парламентарни избори.

Ги информиравме нашите партнери од Европската Народна Партија за програмата која што ВМРО-ДПМНЕ ја спрема за следните парламентарни избори и за обидот на Заев да избега од нив затоа што е свесен дека ќе изгуби на изборите.
Во едно партнерство помеѓу ЕНП и ВМРО-ДПМНЕ, Македонија ќе добие датум за почеток на преговори во 2020 година и со едно силно темпо на реформи ќе успееме да го надохнадиме времето изгубено со Зоран Заев – вели Николоски.