Македонија 12. октомври 2019. / 15:11

(ВИДЕО) Николоски: Ги информирав Рим и Ватикан за растечката корупција и за злоупотребата на правосудниот систем

(ВИДЕО) Николоски: Ги информирав Рим и Ватикан за растечката корупција и за злоупотребата на правосудниот систем

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ е во работна посета на Рим и Ватикан каде преку видео обраќање, ја објасни целта на неговата посета.

Во рамки на работната посета на Рим и Ватикан овие два дена остварив бројни средби, ги информирав соработниците за она што се случува во Македонија. За растечката корупција, за уназадување на економијата и за злоупотребата на правосудниот систем од страна на Владата на Заев  и за сите потфрлања со кои се соочува Македонија, изјави Николоски.

Николоски додаде дека иднината на македонските граѓани не смее да биде жртвувана поради неспособноста и корупцијата на Заев.

И затоа треба европскиот совет да донесе одлука за почеток на преговори за членство во ЕУ за Македонија, а веднаш после тоа Владата да поднесе оставка и да распише веднаш предвремени парламентарни избори после  кои што ВМРО-ДПМНЕ ќе ја презеде Владата и со способни и одговорни кадри ќе успее да ги реализира реформите кои се неопходни, додаде Николоски.