Македонија 25. јуни 2019. / 13:56

(ВИДЕО) Николоски: Договорот Заев – Рама за Македонија и Албанија да бидат во иста група за ЕУ ја влече државата назад

(ВИДЕО) Николоски: Договорот Заев – Рама за Македонија и Албанија да бидат во иста група за ЕУ ја влече државата назад

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски учествуваше на Парламентарното собрание на Советот на Европа, како почесен гостин.

Николоски ја искористи посетата да оствари голем број на билатерални средби.

Вчера тој се сретна со претседателот на Еворпската народна партија Жозев Дол, со кој што разговарал за европската иднина на Македонија. Николоски се сретна и со бројни пратеници со кои што заеднички констатирале дека жално е што Македонија не доби датум за преговори за членство во ЕУ, пред се, поради неспроведувањето на реформи во државата.

Европјаните се изненадени од одлуката на премиерот Зоран Заев да биде и министер за финансии, истакна Николоски во видео обраќањето од Советот на Еворпа.

Сепак најголема стратешка грешка било тоа што Заев се договорил со албанскиот премиер, Македонија и Албанија да бидат во пакет за интегрирање во ЕУ.

– Албанија ја влече Македонија назад. – констатира Николоски и додаде дека поради тензиите во сеседната држава се губи европската перспектива на Македонците.

На таа сесија се избира нов Генерален секретар на Советот на Еворпа.