Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски ја честита Новата година и порача дека доаѓаат подобри денови за Македонија
„Позади нас е најлошата година во 30 години независна Македонија. Година на ЗДРАВСТВЕНА И ЕКОНОМСКА КРИЗА и година на НАЦИОНАЛНИ ПОНИЖУВАЊА, за што одговорна е власта. Погледнете ја МОЈАТА БИТКА во текот на 2020 година“, напиша Николоски на „Фејсбук“.
Доаѓаат, порача тој, подобри денови за Македонија и за секој од вас.
„Чувајте се, бидете здрави и живи и да се гледаме за убави моменти во 2021 година. Среќна Нова година!“, стои во честитката од Николоски.