Сопственик на поранешниот гигант ”ШИК Јелак” е Миодраг Дака Давидовиќ, преку фирмата “Јелак Градба” .Во “Јелак Градба” управител е лично Дака Давидовиќ, додека како сопственик се јавува фирмата “Адастра груп Корп” која е регистрирана во даночниот и оф шор рај Панама!, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски денеска во вестите на Канал 5.
Клучното прашање е вели Николовски што само по себе се поставуваат неколку прашања..Кој капитал влегува и дали е легален тој
Дали пари од нелегални дејства на Дака од Црна Гора преку неговата фирма од Панама влегуваат во Македонија, но еве сите бегаат од одговор , и градоначалничката Теута Арифи и Министерство за транспорт и врски и Зоран Заев и Али Ахмети .
Се работи за огромна афера, не добивме релевантен одговор, само еден ден од формирањето на владата, мнозинството во Тетово го изгласаа ДУП-от .
Шик Јелак отиде во стечај , а и потоа Дака гокупил земјиштето и тоа без јавна лицитација, вели Николски.
Во однос на протестите, Николовски изјави дека продолжуваат и наредната недела.