Македонија не почна преговори со ЕУ и не го доби фамозниот датум за преговори ни во 2018 ни во 2019 заради КРИМИНАЛОТ и КОРУПЦИЈАТА на Заев, реагира преку социјалната мрежа на Фејсбук потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.
Тој потсетува дека сите овие години континуирано зборувал дека, како што вели, со Заев и оваа криминална Влада Македонија НЕМА ДА ДОБИЕ датум за почеток на преговори.
– Да се потсетиме како Заев ЛАЖЕШЕ дека Македонија доби датум за преговори со ЕУ и во 2018 и во 2019 година!, вели Николоски преку објава.
Според него центата за датумот кој го највува упорно владејачката партија го плаќаат македонските граѓани, па затоа уште еднаш апелира за оставка на Заев.
– Погледнете како Заев ,,доби датум”!, пишува Николоски во својата објава.
Да се потсетиме како Заев ЛАЖЕШЕ дека Македонија доби датум за преговори со ЕУ и во 2018 и во 2019 година!
Погледнете како Заев ,,доби датум” ! pic.twitter.com/UCbVcwzB7i
— Aleksandar Nikoloski (@AlexandarMKD) December 9, 2020