Македонија 31. март 2020. / 12:48

(ВИДЕО) Нелоски: Посочете предлози како да им помогнеме на сите

(ВИДЕО) Нелоски: Посочете предлози како да им помогнеме на сите

Во времиња на криза, народот мора да биде слушнат, а за нас како партија блискоста со народот ни е исклучително важна. Македонија е пред предизвик да ја мине оваа епидемија која ги покажа сите системски слабости на власта, пред се на здравствениот и на економскиот сектор. Пред сериозниот момент за малите фирми, работниците, земјоделците, општините, Власта се повеќе се затвора во безидејност.

Додека власта не држи чекор со проблемите, ние сите заедно мораме и можеме да си помогнеме. Посочете предлози како да им помогнеме на малите компании, на студентите и младите, на работниците, посочете како да ја одржиме економијата, како да ги спасиме работните места на работниците, како да преживеат локалните продавници каде работат вашите роднини, соседи, пријатели. Споделете идеи како да им помогнеме на лекарите, на полицајците, и на медицинските лица, оние кои се во првата линија сега! А, ќе ни требаат и утре! Затоа што епидемијата ќе мине, но борбата за економијата е таа која што ќе мора да ја добиеме!, изјави Владимир Нелоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Македонскиот народ е мудар, знае да ги препознае моментите кога е потребен на државата. Македонскиот народ е мудар, бидејќи знае да препознае кој се грижи за нив. Македонскиот народ е мудар бидејќи и знае да препознае кој ги слуша!Ја отпочнавме иницијативата „Вашите проблеми, заеднички до решенија: Затоа што ја сакам Македонија“. Остануваме во контакт со Вас, преку електронска пошта испратете ни ги проблемите, мислењата, предлозите за надминување на кризата. Сите иницијативни внимателно ќе ги разгледуваме и анализираме и од нив ќе понудиме решенија пред институциите. Пишете ни на [email protected] Затоа што ја сакаме Македонија!, истакна Владимир Нелоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.