Македонија 17. октомври 2020. / 12:39

(ВИДЕО) На пациент во Струмица му се дава медицинска помош пред болница, внатре нема место!

(ВИДЕО) На пациент во Струмица му се дава медицинска помош пред болница, внатре нема место!

За тоа колку се преполни болничките капацитети, доволно говори едно видео кои редакциите на Фактор и Хаштаг го добија од читател од Струмица.

-Според неговите тврдења, станува збор за струмичката болница, која поради преполнетите капацитети, не може да ги собере сите граѓани, па на дел им се дава инфузија, односно медицинска помош и надвор од болницата, односно точно пред нејзиниот влез, пишува Фактор.

Она што може да се види, е дека веројатно станува збор за помлад пациент, за кого можеби и нема потреба од целосна хоспитализација.

Фактор нема точна информација кога е направено видеото.