Македонија 12. ноември 2018. / 23:47

(ВИДЕО НА „КУРИР“) Полицијата го претресува автомобилот на Игор Јанушев – политичка хајка!

(ВИДЕО НА „КУРИР“) Полицијата го претресува автомобилот на Игор Јанушев – политичка хајка!

Полицијата откако не го најде Никола Груевски во неговиот дом, се упати во седиштето на ВМРО ДПМНЕ.

Во моментов полициски службеници ги проверуваат колите кои излегуваат од подземниот паркинг на ВМРО-ДПМНЕ.

Во едно од возилата се наоѓаше и Генералниот секретар на партијата Игор Јанушев.

Агенцијата „Курир“ ексклузивно ја објавува снимката од претресот на возилото на Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.