Бојан Јовановски, познат како Боки 13, доцна вечерва од судија на претходна постапка во Кривичниот суд доби 30 дневен притвор како осомничен во истрагата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, пренесува А1.он.
Претходно и второосомничениот за противзаконито влијание, Зоран Милески, познат како Кичеец, доби 30 дневен притвор. И двајцата беа спроведени со полициска придружба и лисици во судот.
Кичеец вечерва со полициска придружба беше изнесен од Кривичниот суд во Скопје и пренесен во полициско комбе.
Oбвинителството ги товари за трговија со влијание врз јавен обвинител од специјалното јавно обвинителство.
Вечерва беше извршен претрес во домот на шефицата на СЈО, Катица Јанева, која исто така е под истрага во случајот. Но, за на Јанева да и се одреди притвор прво треба советот на јавните обвинители да и го одземе обвинителскиот имунитет.