Македонија 23. мај 2019. / 13:44

(ВИДЕО) Муслиу за изјавата на Османи: Јас колку што знам ДУИ и СДСМ го поддржаа Пендаровски

(ВИДЕО) Муслиу за изјавата на Османи: Јас колку што знам ДУИ и СДСМ го поддржаа Пендаровски

Еролд Муслиу, новиот директор на Агенцијата за разузнавање, одби да ги коментира изјавите на челниците на ДУИ, дека се загрижени за изборот на пендаровски и дека тој треба да се преиспита.

Муслиу објасни дека потребно е да се почека одлуката да излезе во Службен весник и неговата директорска функција да се официјализира за да даде изјава.

– Не можам да дадам изјава сѐ додека не видам дека одлуката за мое именување, директор на Агенцијата за разузнавање е излезена во Службен весник. Нема проблем, од понеделник ви стојам на располагање. – вели тој пренесе Алсат.

За изјавата на Бујар Османи од ДУИ тој рече дека не ја слушнал.

– Не сум ја прочитал таа изјава на вицепремиерот Бујар Османи, меѓутоа вчера слушнавте, имаше став и од Претседателот, јас сум именуван од Претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски. Колку што знам тие се заедно во влада со СДСМ, значи го поддржаа претседателот Стево Пендаровски, што да кажам понатаму. – рече Муслиу.