Видео на кое се гледа како верниците не го одржуваат потребното растојание на Бајрам-намаз по повод празникот Рамазан Бајрам се шири на социјалните мрежи.
На снимката се забележува дека на 15 минутниот намаз верниците не само што се збиени во дворот на џамијата туку во голем број ги има и на улицата од што јасно се гледа дека ја кршат мерката за социјална дистанца.
Покрај препораките за носење заштитна опрема и држење дистанца, ИВЗ препорача секој верник да носи лично сеџаде и да се избегнат поздравите со физички контакт кој е неминовен на толку блиско растојание помеѓу верниците.
Дај бе што е ова!? Не сакам да испадне “ејјј а за литијата во Струга зборите сеа ќутите…” Стварно нема смисла ова, и до кога со “Абе такви се они, знаеш…” Нема они, или си совесен граѓанин со општествена одговорност или си кретен ко овие овде. https://t.co/fHXa3AK2qG
— г. Влатко Вердер (@Vlatko_Werder) May 24, 2020