Македонија 16. февруари 2020. / 20:02

(ВИДЕО) Моментот кога Џафери кажува дека законот ќе се гласа по Бадентер

(ВИДЕО) Моментот кога Џафери кажува дека законот ќе се гласа по Бадентер

При донесување на Законот за Советот за јавни обвинители не е испочитуван принципот на Бандентер, односно за него не гласале припадниците на помалите етнички заедници. Спорниот момент околу законот е што самиот претседател на собрание, Талат Џафери најавува дека треба да се гласа со Бадентерово мнозинство, но тоа не е реализирано.

Погледнете:

ВМРО-ДПМНЕ претходно го повика претседателот Стево Пендаровски да не го потпишува овој закон.

И самиот Џафери најави дека законот се гласа со апсолутно мнозинство и со Бадентер, но тој не го стави законот да се гласа со Бадентер со што овој закон не е донесен. Оттука упатуваме порака дека потпишувањето на закон за кој не е обезбедено мнозинство е спротивно на Уставот и законите. Апелираме до Пендаровски да одбие да го потпише. Во спротивно се останато ќе значи кршење на Уставот и законите, рече на прес-конференција Илија Димовски, веднаш по распуштањето на Собранието.

Појасни дека оваа нерегуларност ја забележале уште во текот на седницата, но оти чекале Собранието да се распушти и тоа да и го соопштат на јавноста.

Прегледајте ги снимките. Сега веќе Собранието е распуштено и не може да се врати. Овој закон не е донесен. И другиот не е донесен. Секако, едниот без другиот закон не може да се импелемнтираат,  рече Димовски.