Струга отсекогаш имала посебен шарм со кој ги пленила сите и покрај сите трауми што ги имаат преживеано изминатите 30 години, вели Јована Мојсоска од Левица, носител на изборната единица 5 во Струга.
Токму во Струга започна автентичен отпор против шовинизмот на една власт која 18 години ја држи во заложништво целата држава. Овој град е пример за соживот пример како народот може да живее заедно и од кој партиските елити може да учат како се сака еден град, смета Мојсоска.
Како што вели Струга е градот каде за првпат е испеана македонската химна, градот на браќата Миладиновци, градот на Ристо Крле не смее и не заслужува да биде заборавен и на овие избори Струга ќе покаже дека е жива и дека сè уште пркоси на неправдите .