Македонија 11. февруари 2021. / 13:48

(ВИДЕО) Младите од Алијанса за Албанците ги запалија учебниците по географија бидејќи биле „фашистички“

(ВИДЕО) Младите од Алијанса за Албанците ги запалија учебниците по географија бидејќи биле „фашистички“

Членови на младинските ограноци на партијата „Алијанса за Албанците“, вчера се собраа пред Министерството за образование и наука, каде во знак на протест ги запалија учебниците по географија.

Како што пренесува Алсат, причината за палењето на овие учебници се наводните навредливи содржини кон Албанците кои се содржани во книгата.

Омер Ајдини од младинскиот форум на Алијанса за Албанците, изјави дека тие решиле да направат две работи: најпрво да ги запалат „фашистичките елементи“ од книгата, а потоа на министерката Царовска и подарија книга, од која таа, како што вели, треба да ја научи историјата на албанските родови.