Македонија 24. септември 2019. / 22:53

(ВИДЕО) Митовски: Нема основ за кривична пријава – ова е политичка нарачка

(ВИДЕО) Митовски: Нема основ за кривична пријава – ова е политичка нарачка

Денеска до уредникот на Инфомакс Александар Митовски беше испратен обвинителен акт поради објавата на дел од сведочењата за аферата „Рекет“, за што доби и кривична пријава за наводно откривање на службена тајна.

Митовски во вечерашните вести на телевизија Алфа, истакна дека голем дел од новинарите не го поддржале јавно, односно не истакнале поддршка за слободата на говорот и одлучиле да останат апологети на власта.

Уредникот на Инфомакс, уште во август, на неговиот портал ја објави првата страница од исказот на сведокот Орце Камчев за случајот „Рекет“. Иако никаде не пишувало дека станува збор за класифицирана информација, сепак до Митовски, денеска, беше испратена кривична пријава.

– Апсолутно очекував вакво нешто. Не заради тоа што постои правна основа да покренат ваква кривична постапка, едноставно се работи за политичка нарачка. Ова не е процес во кој што се работи за прекршување на некој закон. – истакна Митовски и додаде дека станува збор за политички притисок врз слободата на медиумите.

Тој истакна дека не може тој да издаде службена тајна бидејќи не е службеник. Гаранцијата за службена тајна е работа на Обвинителството, кажа Митовски, и додаде дека не е негова работа да ја гарантира тајноста на процесот.

Митовски истакна дека тој го објавил документот бидејќи имало јавен интерес во него. Вели дека ако до него стигнел некој документ кој што упатува на нечија одговорност особено во случајот каде постои енормен јавен интерес, затоа што во исказот се спомнати луѓе кои што ние ги плаќаме со нашите пари, високи функционери, како премиерот Зоран Заев, Радмила Шекеринска, Фросина Ременски, тој тоа ќе го објави. Притоа кажа дека не прејудицира кој е виновен, а кој не.

Според него власта го гони бидејќи е критички новинар.