Македонија 28. ноември 2018. / 15:12

(ВИДЕО) Министерот кој „не се замара со граѓаните”: Не можам да побарам извинување кога не грешам

(ВИДЕО) Министерот кој „не се замара со граѓаните”: Не можам да побарам извинување кога не грешам

На новинарското прашање од ТВ21, да даде објаснување за изјавата дека не е заинтересиран дали граѓаните ќе ја тужат или не државата, министерот Садула Дураку одговори дека граѓаните имаат право да прават што сакаат. -Ние немаме врска со тоа што тие сакаат да го прават, ова е како што кажав пред некој ден изјава извадена од контекст.

-Не, ве молам јас не можам да побарам извинување кога не грешам. Не станува збор за грешка, јас мислам дека тие кои ја извадиле мојата изјава од контекст треба да побараат извинување. – одговори Дураку за ТВ21 на прашањето: Значи велите дека изјавата е извадена од контекст, дали би сакале да побарате извинување од граѓаните кои погрешно ја разбрале вашата изјава?