Утрово во емисијата „Утро со Златев“ гостуваше пратеникот Антонио Милошоски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Со него се разговараше на повеќе теми за актуелната политичка ситуација во Македонија, а се обрна внимание и за престојниот попис.
Тој најпрво посочи дека многу европски држави веќе го одложиле пописот. Според него пописот треба да се одложи барем до септември 2020-та година.
Милошоски го спомна Насер Зибери и се согласи со него дека здравјето на населението има приоритет.
– Нека се вакцинираат попишувачите кои ќе одат на терен, и така граѓаните би биле поспокојни дека пописот нема да е операција од која би се создале нови кластери, вели Милошоски.
Тој смета дека здравјето на граѓаните да не биде заложник на коалциониониот договор меѓу Заев и Ахмети.
Милошоски додаде дека важни се уредите за земање отисок за да нема манипулации на пописот и додаде дека ВМРО-ДПМНЕ го нуди тоа како решение за пописот. Потенцира дека пописот мора пред се да биде статистичка операција и вели дека е многу важна за државата, но дека моментално нема услови за спроведување на истиот.