Македонија 03. октомври 2020. / 16:36

(ВИДЕО) Милошоски: Кочани најголемо жариште на Истокот, но градоначалникот, Заев и Филипче организирале забава!?

(ВИДЕО) Милошоски: Кочани најголемо жариште на Истокот, но градоначалникот, Заев и Филипче организирале забава!?

Кочани е најголемото корона-жариште на Истокот.., но градоначалникот си отворил кафуле, па заедно со Заев и Венко Филипче организирале забава!?, вели пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски.

Милошоски пишува дека на пауза меѓу две пијачки градоначалникот на Кочани се закани за казни за граѓаните…

Инаку според министерството за здравство во Кочани во изминатото деноноќие регистрирани се  11 новозаразени, со што вкупната бројка се искачи на 403 од кои активни се 183.