Македонија 31. јули 2019. / 12:24

(ВИДЕО) Милошоски ја повика Рускоска да слушне како Боки13 кажува дека Заев им е најголем соработник

(ВИДЕО) Милошоски ја повика Рускоска да слушне како Боки13 кажува дека Заев им е најголем соработник

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски, објави видео од основачката седница на невладината организација на Бојан Јовановски- Боки 13.

Видеото е исечок од делот каде што Боки 13 најавува дека Меѓународниот сојуз доби директна поддршка од Владата на Македонија, односно од премиерот Зоран Заев. Боки 13 вели дека тие ќе потпишат меморандум за соработка со Владата.

Милошоски се обрати до обвинителката Вилма Рускоска и ја повика убаво да го слушне говорот на Боки 13.

– Почитувана обвинителке Рускоска, слушнете го внимателно Боки13 и проценете кој би можел да е главниот во хиерархијата на мега скандалот “Рекет” и мрежата на Меѓународниот сојуз во периодот од мај 2017-2019 година! – напиша Милошоски објавувајќи го видеото.