Утрово во емисијата „Утро со Златев“ гостуваше пратеникот Антонио Милошоски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Со него се разговараше на повеќе теми за актуелната политичка ситуација во Македонија, а кажа и ексклузивни информации околу амандманот кој ќе го поднесе пратничката група на ВМРО-ДПМНЕ за двојното државјанство.
Според него Каракачанов пробува преку неговите лажни вести да фрли гума за спасување на власта. Во услови кога власта со соочува со други скандали, нормално е преку ваквите лажни вести да ја дефокусира јавноста. Затоа, тој понуди решение, односно кажа што каков амандман ќе поднесе пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ околу двојното државјанство.
– Во текот на овие денови како пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ до Собранието ќе поднесеме амандман којшто ќе се однесува на законот за пратеници и законот за избори и кадешто ќе пишувам дека кандидат за пратеник може да биде само лице кое има само македонски и ниедно друго државјанство, рече Милошоски за Радио Лидер.
Тој вели дека прават паралела исти услови да треба да исполнува пратеникот како и да се биде амбасадор, односно да има само македонско државјанство.