Како коментар за бруталното претепување на Роми од страна на полицијата, Антонио Милошоски на социјалните мрежи објави видео од министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
Токму Спасовски во предизборниот период неколкупати се обраќаше на ромски јазик во обид да ја добие наклонетоста на Ромите и нивните гласови, а сега кога е на власт полициски службеници среде улица брутално претепуваат Роми.
Дилемата на Оливер и Ромите = јазикот пред изборите и/ли пендрекот по изборите!? – коментира Милошоски.