Македонија 30. јуни 2019. / 18:35

(ВИДЕО) Мигрант се обидел да силува девојчиња во Скопје

(ВИДЕО) Мигрант се обидел да силува девојчиња во Скопје

Средовечен маж кој се преставува како емигрант среде бел ден се соблекува гол, сексулано вознемирува девојчиња, манијачи по влезови, напаѓа и краде златен накит раскажуваат револтирани граѓани од неколку згради во центарот на Скопје, пишува А1он.

Пред камерата на А1он велат дека се очајни и загрижени бидејќи овој човек скоро цела година е закана за нивните деца, кој како што велат, пред нив дува лепак, крши стаклени шишиња и урла на непознат јазик.

Непредвидлив е, ќе излезе од некаде и ќе почне да вика, да се дере. Кога ќе добие сексуален нагон напаѓа девојчиња, ги плаши. Цела вечер ги пазиме од него да не нападне некое дете кое може да биде силувано. Се соблекуваше , еднаш во еден продажен салон, а втор пат тука на булеварот. Повеќе пати е виден како “дува лепак“ и пие алкохол. Пред нас се претставува како емигрант и наводно зборува арапски и лош англиски јазик. Со нас и не зборува само мавта со рацете и вели „фуд-фуд“. Повеќе од јасно ни е дека тој не е тука за храна, туку има друга цел. Ќе го пријавиме во полицијата, ќе го соберат на неколку часа и вечерта ете го пак тука, раскажува Горан Десоски жител на општина Центар.

Граѓаните дознале дека човекот е опасен деликвент и добро познат на полицијата. Освен што „манијачи и демне“ како што тврдат тие, тој краде и разбива дуќани.

Во нефомален разговор со полицијата дознавме дека овој човек пред неколку години е депортиран од Белгија за дела што ги направил таму. Ова го откриле по отисоците на прстите со кои го потврдиле неговиот идентитет, но тој нема документи за лична идентификација. Знаеме дека има досие за кражби и разбојништва. Пред два дена среде бел дел украде златен ланец на една жена, за малку ќе ја задавеше. Едноставно човекот е очаен, скитник, краде, напаѓа и непријатен е за гледање, вели Борислав Јангушевски.

Во полициската станица „Беко“ го пријавиле преку 40 пати за разни дејствија. Полицијата му одредила забрана за движење на плочникот зад зградите во близина на Соборниот храм. Но и покрај забраната тој повторно се враќал и продолжувал со истото однесување. Јавно побараа надлежните институции да се организираат и да најдат решение за него.

Целиот текст на А1он можете да го прочитате ТУКА.