Македонија 29. февруари 2020. / 17:10

(ВИДЕО) Мицкоски: Со Фондацијата „Конрад Аденауер“ работиме на идните политики на ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Мицкоски: Со Фондацијата „Конрад Аденауер“ работиме на идните политики на ВМРО-ДПМНЕ

Членови на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и членови на останатите структури на партијата заедно со фондацијата Конрад Аденауер викендов ќе разговараат за предизвиците кој што се пред нас после 12 април, ќе разговараат и за она што не очекува и пред 12 април, практично е поврзано со предизборната кампања, изборната кампања и така натаму – најави лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

За политиките во иднина кои ВМРО-ДПМНЕ треба да ги рефлектира според современите текови на конзервативните центар десни политички партии, не само од национален карактер туку и сето она што е поврзано со тие центар десни конзервативни политики. Тука пред се мислам на економијата политиките од реалниот живот пред се тука мислам на политиките кои што подразбираат и поинаков пристап надвор од кутијата што би рекле, пристап на работите. Ценам дека ќе биде исклучително значајно ќе биде добро искуство за членовите на Извршниот комитет на партијата ова е дел од низата тренинзи кои ги имаше ВМРО-ДПМНЕ изминативе месеци и изминатава година и со фондацијата Конрад Аденауер но и со други фондации за нас ова е од исклучително значење големо искуство и се надеваме дека сето она што е извадено како заклучок ќе прерасне во политика на ВМРО-ДПМНЕ во Македонија – изјави Мицкоски.