„Ќе се добие нов состав на ДИК, партиите ќе добијат стабилен начин на финансирање и нов закон за влада”
„Се разговараше за карактерот и текстот на референдумот. Ние ги застапувавме интересите на граѓаните имајќи предвид дека парламентарното мнозинство е тоа што ќе ги дефинира деталите. Референдумското прашање мора да биде еднозначно, тоа е и според законот. Имавме приближување кон ставовите околу тоа дека успешен референдум е оној кој е 50+1 и повеќе од пола гласачи од тие кои излегле”, вели Мицкоски.
Тој вели дека не може да се согласат за прашање кое ќе биде со повеќе значења.