Македонија 05. март 2020. / 19:28

(ВИДЕО) Мицкоски по средбата сои Соботка: Нема судски реформи кога го има принципот „трас-трас“

(ВИДЕО) Мицкоски по средбата сои Соботка: Нема судски реформи кога го има принципот „трас-трас“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски соопшти дека при разговорите со претседателот на австрискиот парламент Волфганг Соботка, го информирал за „трас, трас-методот“ за носење на Законот за Јавно обвинителство, „се договорив со Јово“ и сличните методи на кои се носат овие закони.

– Пренесовме дека тогашниот претседател на Владата не го негираше тоа однесување туку го потврди истото. Господинот Соботка навистина беше вчудовиден, ова беше  информација  што првпат ја слушнал – изјави Мицкоски по средбата со Соботка.

Мицкоски информира дека за „трас трас“ судството и обвинителство ги информирале и другите дипломати.

Откако вчера Врховниот суд на политичките партии им порача да се воздржат од загрозување на независното и самостојно постапување на судската власт и судиите особено во период на избори, Мицкоски денеска рече дека тој не познава ниту еден врховен судија.