Македонија 13. ноември 2019. / 16:01

(ВИДЕО) Мицкоски: Не сакам да верувам дека ќе има одложување на изборите

(ВИДЕО) Мицкоски: Не сакам да верувам дека ќе има одложување на изборите

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на денешната прес-конференција рече дека не сака да верува во можното одложување на предвремените парламентарни избори, затоа што, според него, би имало две лоши работи.

Првата, порача Мицкоски, ќе немаме фер, демократски и чист изборен процес, а како второ, како што наведе, во знак прашање би се довел легитимитетот на средбите кои што се случуваат кај претседателот Пендаровски.

– Ако како лидери на политичките партии, како луѓе кои што се одговорни за општествената клима во државата ние ги менуваме работите преку ноќ тогаш навистина не ја гледам причината зошто од сега па натаму да учествуваме на лидерски средби како опозиција и каков пример ние ќе дадеме кон граѓаните ако вака егзебиционистички водиме политики, рече Мицкоски.