Македонија 05. декември 2019. / 22:26

(ВИДЕО) Мицкоски: Директно од црвените килими на Бакингемска палата Заев дојде да ги гледа граѓаните во очи и да ги лаже

(ВИДЕО) Мицкоски: Директно од црвените килими на Бакингемска палата Заев дојде да ги гледа граѓаните во очи и да ги лаже

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, порача од Ѓорче Петров, каде што беше во посета во рамките на програмата „Разговори за обнова на Македонија“, дека реалноста што сакаат да ја прикажат политичарите што се дел од Владата е многу различна од реалноста што ја живеат граѓаните.

Како што истакна Мицкоски, таа секојдневна реалност на македонските граѓани е многу тешка и полна со разочартувања.

– За жал денешната реалност кај овие политичари кај владата е малку поинаква. Сосема различна од онаа којашто ние ја гледаме на булеварите, на улиците. Онаа реалност којашто ја слушаат нашите сограѓани таа е тешка, мачна, сиромашна, полна со разочарувања. Луѓе коишто не веруваат дека ќе имаат иднина во оваа држава, луѓе коишто се разочарани и луѓе коишто практично едвај крај со крај крпат да го поминат месецот – истакнува Мицкоски

Според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, власта е составена од луѓе-елитисти што секојдневно се фалат дека направиле се и сешто, но во реалноста, се што можат да му понудат на народот се голема серија лаги.

– За жал овие наши елитисти, деспоти коишто се во Владата денеска ги слушнавме како велат дека директно од црвените килими од Бакингемска палата дојдоа овдека во Волково за да ги гледаат Ѓорчепетровци очи во очи и да ги лажат. Ги гледаме како се караше премиерот заедно со градоначалникот и се натпреваруваа кој повеќе ќе излаже дека изградиле канализација, дека изградиле тротоари, дека поплочиле улици, а во суштина видовме дека тоа е една голема, шарена лага. Мислам јас не очекувам ништо поразлично од Зоран Заев, ниту пак од овој кафанџија овдека наречен градоначалник во Ѓорче Петров. Не очекувам ништо поразлично од тоа, отколку да кажат уште една шарена лага, претпоставувам со алкохол во крвта под нула промили. Затоа што ако е малку повеќе ќе се изнаслушавме уште повеќе нешта плус кое што ќе беше потрагично и посмешно – потенцира Мицкоски.