Македонија 24. декември 2020. / 22:47

(ВИДЕО) Мицевски: Шверцерско носење на закони опозицијата нема да дозволи, ако треба ќе останеме до сабајле

(ВИДЕО) Мицевски: Шверцерско носење на закони опозицијата нема да дозволи, ако треба ќе останеме до сабајле

Тензична атмосфера во Собранието. Сопомош на  свирежи и довикувања опозицијата   доби процедурално

Требаше да правиме шоу од 15 минути за да добијам процедурално изјави Никола Мицевски  од ВМРО ДПМНЕ ,

Немаме решение дека ќе продолжи седницата после 18 00 часот , каде е тоа , праша Мицевски.

Вака Деловникот го кршите од самиот почеток , саат време и 40 минути чекаат пратениците изјави Мицевски.

По ова претседателот Џафери му се обрати на пратеникот Антонио Милошоски дека нема право на снимање, на што Милошоски му одговори.

„По член 70 од Уставот е дозволено снимање  му одговори Антонио Милошоски на Талат Џафери кој го опемена дека не е дозволено снимање .

Саат и 40 мин ве чекаат пратениците од опозицијата. Вие имате некое решение кај вас, вака ли ќе работиме, ова ли  е почитување на Деловникот, или сакате на мала врата да поминете некои работи. Срамота е ова што го правите,  обвини Никола Мицевски.

Навистина сите граници се поминати, не можеме да знаеме кога власта сака да носи на шверцерски начин закон во собрание. Шверцерскот донесување на закони опозицијата нема да дозволи, ќе останеме до сабајле ако треба , треба да не информирате кога и како ќе работиме, изјави Никола Мицевски .