Македонија 17. декември 2019. / 17:31

(ВИДЕО) Масовна тепачка во Општина Карпош на јавната презентација на ДУП-от

(ВИДЕО) Масовна тепачка во Општина Карпош на јавната презентација на ДУП-от

Жителите на Трнодол бараа поголема сала каде би можела да се одржи јавната расправа за ДУП-от кој не го одобруваат, пишува А1.on.mk.

Ова барање не беше пифатено ниту одбиено од страна на општинскиот претставник Горан Павлов по што тензиите се вжештија. Жителите на Трнодол велеа дека во салата еден час пред одржувањето на јавната расправа дошле луѓе кои ги нарекоа партиски војници со цел да ја саботираат јавната расправа. Откако Павлов се врати во салата каде што требаше да се одржи расправата настана тепачка најпрво меѓу две групи граѓани, а потоа сите му се нафрлија на општинскиот претствник кој требаше да го рпезентира ДУП-от за Трнодол.

Вработените во општината бараа новинарските екипи да не снимаат и ги туркаа надвор од општинската зграда. Внатре освен физички контакт имаше и пцовки.

Од кого пари зимате м**е ви е**м? За рекетари ли да плаќате бе? Од мои пари рекетари плаќате. Искочи надвор. Излагај надвор. Излагај п***а ти м***р, се слушаше во салата, од човек кој се претстави како жител на населбата.

Општинскиот претставник Павлов рече дека го нападнале повеќе лица.

Ми се нафрлија повеќемина. Планирана седница не со откажува по лична волја на еден или двајца, јас не можев да бидам тој што ќе одлучи дали ќе одложиме или не“, кусо изјави Павлов.

По инцидентот, во општината пристигна полиција. Целиот текст можете да го прочитате на A1.on.mk.