Македонија 22. април 2020. / 16:05

(ВИДЕО) Максим Димитриевски низ солзи: Лица кои се одговорни за нашето здpaвје нè лaжaт

(ВИДЕО) Максим Димитриевски низ солзи: Лица кои се одговорни за нашето здpaвје нè лaжaт

Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски во интервју за емисијата „Ја сакам Македонија“ на телевизија „Сител“, низ солзи изјави дека единствената сигурна работа на која може да се потпре во неговиот живот е неговото семејство.

Мислам дека единствено семејството на кое можете да се потпрете во вакви моменти. Страшни дворски игри во многу тешки моменти за сите нас за кои ќе оставам времето да покаже кој е во право. Во целиот овој конгломерат на несовесни граѓани, можам да кажам само едно, а тоа е дека страшно се лаже од лица кои сакаат само да стигнат до целта, а кои се одговорни и не смеат тоа да го прават во овие моменти бидејќи одговараат за здравјето на сите нас – изјави Димитриевски.

Кумановскиот градоначланик истакнува дека барале потполно исти мерки како во Дебар за да се спречи масовното ширење на корона вирусот во Куманово, кое стана најтешко погоден град во Македонија.

Зошто нешто би можело да важи за Дебар, а да не важи за Куманово, или пак сега нешто да важи за Куманово, а да не важи за Тетово. Тоа се двојни стандарди – вели кумановскиот градоначалник.